Таткото на Перез не е среќен: Болидот на Ред Бул е направен за Ферстапен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таткото на Серхио Перез од Ред Бул, Антонио Перез Гарибај вели дека болидот на екипата е направен за актуелниот шампион Макс Ферстапен.

Гарибај даде коментар за резултатите на неговиот син во Ф1 и смета дека тој не е толку лош колку што изгледа во моментов.

„Чеко ќе продолжи да се бори. Болидот е направен за Макс затоа што му се допаѓа преден погон, додека Серхио секогаш возел автомобили со заден погон. Тој е на позицијата втор возач на тимот. Има само еден шампион и тоа мора да се разбере. Чеко мора да работи и да го почитува тоа“, вели неговиот татко Антонио.