Таткото на ван де Бек го потврди спектакуларниот трансфер на неговиот син: Сонуваше за ова


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што стојат работите, Манчестер Јунајтед во доста краток период успеа да ангажира супер засилување.

Нов фудбалер на „ѓаволите“ ќе биде холандскиот репрезентативец и член на Ајакс, Дони ван де Бек.

Дека фудбалерот дефинитивно ќе реализира трансфер во Манчестер Јунајтед потврди и таткото на Дони, Андре ван де Бек.

„Трансферот во Манчестер Јунајтед за него е остварување на сонот. Ова е перфектен момент за него да го нарпави овој чекор во толку убав клуб. Многу клубови беа заинтересирани, но Дони сам ја донесе одлуката“ –изјави Андре ван де Бек за холандските медиуми.