Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Репрезентацијата на Шпанија се прости од титулата шампион на Европа со пораз од Италија во четвртфиналето на континенталните смотри во Франција, а еве како легендарниот Икер Касиљас на нозе ги испрати последните минути од дуелот во Сен Дени.
После репризата од финалето на ЕП од 2012 година стана јасно дека Стариот континет ќе добие нов владетели, поради тоа што Шпанија е елиминирана од страна на Аѕурите.
Репрезентацијата на Италија ја совлада Шпанија со резултат 2:0 и се пласира во четвртфиналето на ЕП во Франција со што Црвената фурија го заврши учеството на турнирот.
Во деновите кои следат ќе видием какви се реперкусии ќе има денешниот пораз на селекцијата на Шпанија, но нема сомнеж дека некои играчи веќе нема да ги гледаме во дресот на сега веќе поранешниот шампион на Европа.
Меѓу играчите кои можат да се простат од репрезентацијата на Шпаниja после денешниот пораз се наоѓа и Икер Касиљас, легендарниот чувар на мрежата кој во Франција не доби шанса да брани за својот национален тим.
Давид Де Геа доби предност во однос на Сан Икер и мора да се призне дека голманот на Манчестер Јунајтед беше на висината на задачата, посебно во текот на вечерашниот дуел со Аѕурите, и покрај тоа што два пати капитулираше.
Немоќниот Икер Касиљас стоеше покрај клупата во последните моменти од натпреварот и следеше како неговите репрезентативни соиграчи ја губат битката за четвртфинале.