Тен Хаг: Два пехари во две сезони и три финалиња – не е лошо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед денеска славеше со 2-1 против Манчестер сити во финалето во ФА-купот и го крена трофејот по долга пауза.

Тренерот Ерик Тен Хаг по мечот се обиде да ги замолчи критичарите и кажа дека неговиот престој во Манчестер не се покажал како неуспех.

„Два пехари во две сезони и три финалиња, не е лошо. Ако не ме сакаат повеќе, ќе заминам на друго место и ќе освојувам титули. Само тоа знам да го правам“, кажа Тен Хаг.