Тен Хаг има план: Ќе го даде Марсијал и ќе доплати за фантастичен напаѓач!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ерик Тен Хаг го наследи Ралф Рангник на кормилото на Манчестер јунајтед и полека го подготвува тимот за следната сезона.

Дарвин Нуњез е една од желбите на Тен Хаг, откако му го привлече вниманието со одличните настапи во Бенфика.

Конкуренција на „ѓаволите“ ќе им бидат ПСЖ, Ливерпул и Барселона, кои исто така се заинтересирани за талентираниот фудбалер, кој постигна 34 гола во 41 натпревар.

Тен Хаг планира на Бенфика да ѝ го понуди Ентони Марсијал, кој нема да добие шанса во тимот за следната сезона, а притоа ќе доплати колку што ќе побара Бенфика за нивниот бисер.