Тен Хаг разочаран: Игравме добро и не заслуживме пораз!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед заврши на последното место во групната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ), откако синоќа загуби од Баерн Минхен со 0-1.

„Ѓаволите“ примија дури 15 голови во шест меча во елитното натпреварување, па така поставија негативен рекорд зашто претходно ниту еден англиски тим не примил толку погодоци во групите во ЛШ.

„Игравме добро, посебно во одбраната, но тоа не беше доволно. Баерн Минхен има индивидуален квалитет и ги завршуваат натпреварите со еден потег. Имавме добри натпревари оваа сезона, но тоа не беше доволно за нешто повеќе. Не заслуживме пораз“, кажа разочараниот Тен Хаг.