Тен Хаг: Разочаран сум, не ми е јасно како може да се примат два слични гола!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Манчестер јунајтед направи голем кикс против Лидс јунајтед (2-2), а тренерот Ерик Тен Хаг по натпреварот кажа дека воопшто не е задоволен.

Тен Хаг имаше измешани чувства по ремито на „ѓаволите“, кои имаа негатива од 0-2 на стартот на второто полувреме, но потоа се вратија во игра.

„Не може да почнете полувреме како што почнавме ние. Недозволиво е да се примат два слични гола. Им реков на фудбалерите дека треба да го почнат второто полувреме посилно и може да победиме. Најмногу ме разочара фактот што често губевме дуели со противничките фудбалери“; кажа Тен Хаг.

Јунајтед има 43 бода на третата позиција, односно седум помалку од лидерот Арсенал.