Тен Хаг сака да го засили нападот со Митровиќ!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ерик Тен Хаг го води солидно Манчестер јунајтед на почетокот на сезоната, иако има проблеми во нападот и со Кристијано Роналдо, па во англиските медиуми се појави интересна вест.

Напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ веќе некое време игра во одлична форма и постигна девет голови во Премиерлигата, па затоа привлече интерес од Тен Хаг.

Митровиќ е трет стрелец во англиската лига, па „ѓаволите“ би можеле да тргнат по неговиот потпис, иако тоа во моментов звучи како нереално.

Преговори меѓу клубовите за потписот на Митровиќ засега нема, но според дел од англиските медиуми би можеле да се случат наскоро.

Србинот треба да биде замена за Роналдо во нападот, зашто Португалецот следното лето планира да замине.