Тен Хаг: Требаше да му дадеме повеќе голови на Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед вчера славеше со 4-1 против Челси на „Олд Трафорд“ и обезбеди пласман во топ-4 во Премиерлигата, а со тоа и место во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Црвените ѓаволи“ во завршницата на сезоната заиграа како што се очекуваше од нив цела сезона, а на мечот против Челси имаа шанси да постигнат и повеќе голови, но голманот Кепа Аризабалага спречи дебакл.

„Сакавме да победиме и го направивме тоа. Челси има неверојатни играчи, но ние бевме одлични во контра-нападот. Успеавме да постигнеме четири гола, но требаше да постигнеме уште повеќе. Сè уште сме во игра за третото место во лигата и ќе се обидеме да го освоиме“, кажа тренерот Ерик Тен Хаг.