Тен Хаг во битка со Потер за бисер на Ајакс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ерик Тен Хаг го презема Манчестер јунајтед на почетокот на сезоната и го предводи до солидни резултати оваа сезона, иако се очекуваше многу повеќе од поранешниот англиски шампион.

Тен Хаг ги знае проблемите во неговата екипа, па сега планира да се засили со нови фудбалери на одредени позиции, а една од желбите на Холанѓанецот е Едсон Алварез од Ајакс.

Манчестер јунајтед ќе има голема конкуренција во битката за Алварез бидејќи за него интерес покажа и тренерот на Челси, Грем Потер.

Челси веќе испрати понуди за овој фудбалер во текот на минатото лето, но Ајакс не сакаше да остане без уште една ѕвезда откако две си заминаа во екипата од Манчестер.