Тенисер доби суспензија од осум години поради местење мечеви!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Енрике Лопез е суспендиран на осум години поради местење натпревари во 2017 година.

Лицата од АТП соопштија дека Лопез во текот на суспензијата не може да игра, ниту да присуствува на ниту еден официјален турнир.

Шпанецот ќе мора да плати и казна од 25.000 долари. Три обвинувања за наместени натпревари се докажани, а две засега не се и не се открива за кои натпревари и турнири станува збор.

Најдобриот пласман во кариерата го имаше во 2018 година, кога беше 154. тенисер во сингл-конкуренција на АТП-листата.