Тениска легенда го повика Ѓоковиќ во Мадрид: Добредојден си кај нас!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во понеделник ќе го загуби првото место, меѓутоа на врвот на АТП-листата ќе се врати на 14 март.

Ѓоковиќ наскоро ќе дознае на кои турнири може да игра, а се очекува да настапи на Мастерсот во Мадрид, а „покана“ му испрати и Фелисијано Лопез, легендарниот шпански тенисер.

„За ова чесот ме прашуваат овие денови. По тоа што се случи во Австралија, изгледа дека главен проблем е тоа каде Новак може да игра. Ние како турнир не може да решиме“, вели Лопез.

Србинот од Мелбурн во јануари беше депортиран затоа што не е вакциниран против ковид-19, иако имаше документи за престој во државата и медицински исклучок.

„Се надевам дека бројката на заразени во Шпанија ќе продолжи да паѓа, па ако се намалат ограничувањата, тогаш сите го чекаме Ѓоковиќ на турнирот“, кажа Шпанецот.