Теодосиќ се изнервира и сакаше да тепа судија! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот кошаркар Милош Теодосиќ реагираше бурно на одлуката на словенечкиот судија Дамир Јавор во дуелот меѓу Виртус Болоња и Анадолу Ефес во Евролигата.

Судиите Јавор, Перез и Шемеш немаа контрола на средбата и имаше неколку лоши одлуки на штета на двете екипи, но во завршницата Теодосиќ не можеше да се воздржи.

Теодосиќ се пожали на една одлука на Јавор, а кога доби одговор каков што не сакаше да слушне, тој буквално збесна и го нападна.

Мораше да реагираат и останатите кошаркари на Виртус за да го спречат Теодосиќ да направи поголем инцидент, а на крајот помина само со исклучување.