Терим откри зошто Алиоски не потпиша со Галатасарај


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Галатасарај, Фатих Терим зборуваше за медиумите зошто пропаднал трансферот на Езгјан Алиоски во турскиот тим.

Алиоски беше на праг да потпише со Галатасарај, но тимот се повлече од преговорите, па македонскиот репрезентативец се договори со Ал Ахли.

„Алиоски за три години ни побара 7,5 милиони евра, плус не е класичен лев бек, па секако дека одбив да го ангажираме“, кажа Терим.

Македонскиот репрезентативец доби добар договор и од Ал Ахли, каде што ќе заработи пет милиони евра за две години.