Тевез со солзи во очите ја заврши кариерата: Можеби ќе се вратам, ама не во дресот на Бока јуниорс

Легендарниот аргентински фудбалер Карлос Тевез објави дека ќе ја заврши фудбалската кариера. Искусниот 37-годишен напаѓач соопшти дека ја завршува кариерата, но остави можност за враќање на фудаблот.

Тевез кажа дека е време конечно да се повлече од фудбалските терени, но доколку му се појави желба да игра фудбал, тогаш ќе се врати.

„Можам да ви потврдам дека се повлекувам, но можеби за три месеци ќе се разбудам и ќе посакам повторно да игра. Сепак, никогаш повеќе во Бока јуниорс“, вели Тевез.

Аргентинецот откри зошто никогаш повеќе нема да го облече дресот на неговиот омилен клуб.

„Ова е еден од најтажните денови во мојот живот, но чувствувам дека ја донесов вистинската одлука. Бока е мој живот и не смеам да играм просечно. Ако не можам да дадам 100 отсто од себе, подобро е да се повлечам“, вели Тевез.

Тевез во кариерата играше уште за Коринтијанс, Вест хем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Јувентус.