Тежок непрофесионализам: Откриено како Бенитез дознал дека нема да остане во Њукасл


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рафаел Бенитез и официјално нема да го предводи тимот на Њукасл следната сезона откако тоа беше соопштено во текот на вчерашниот ден.

„Скај Спортс“ дознава дека шпанскиот стратег не бил информиран од раководството на клубот дека нема да му се продолжи договорот и дека ќе биде објавено официјално соопштение дека тој си заминува од Њукасл.

Медиумот дополнително пишува дека Бенитез дознал за соопштението од негов близок пријател кој го видел на официјалната страна на Њукасл.