Тежок удар за Реал Мадрид пред финалето во ЛШ

Шпанскиот гигант Реал Мадрид дозна лоши вести пред финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) против Борусија Дортмунд.

Аурелиен Чуамени нема да настапи во ЛШ против Дортмунд поради повреда на стапалото, а тоа го потврди и тренерот Карло Анчелоти.

„Чуамени нема да биде подготвен за финалето, туку ќе се фокусира на рехабилитација за да биде подготвен за Европското првенство“, кажа Анчелоти.

Финалето во ЛШ меѓу Дортмунд и Реал е закажано на 1 јуни.