Тикет на денот (четврток, 05.10.2023)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога е во прашање неделата во која се играат европските купови, јасно е дека четвртокот е резервиран за Лига Европа и Лига на конференции. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

ТСЦ – Олимпијакос – 2&2+ @ 1.85 во Mozzart

Вистинска штета е што екипата од Бачка Топола не успеа да ја задржи предноста во Лондон која ја стекна на почетокот на второто полувреме. На крајот, Вест Хем славеше убедливо со резултат од 3-1. Лоша вест е и поразот на Олимпијакос о Фрајбург, па сега Грците ќе мора да одат на победа. Домаќините немаат притисок и самиот влез во групната фаза е голем успех за нив. Олимпијакос во овој натпревар е огромен фаворит, па веруваме дека ќе ја оправдаат таа улога. Наш предлог е 2&2+ со квота 1.85 во Mozzart.

АЕК – Ајакс – 1 @ 2.15 во 22Bet

Пред две седмици во оваа група имавме можност да погледнеме фантастични натпревари. Во Амстердам, Ајакс изигра 3-3 против Марсеј, а АЕК славеше против Брајтон со 3-2. Два натпревари, 11 голови, па тоа најавува дека ова ќе биде неизвесна група. АЕК играше во плеј оф за ЛШ, но за жал не успеаа да обезбедат пласман бидејќи беа запрени од Антверпен. Ајакс од друга страна е далеку од формата која ја имаше во минатата сезона и рака на срце, не сме големи оптимисти кога е во прашање гостувањето во Атина. Наш предлог е 1 со квота 2.15 во 22Bet.

Гент – Макаби Т.А – 1 @ 1.75 во Bet365

Екипата на гент од стартот на сезоната изигра 16 официјални натпревари, а поразени се само на еден. Ниту тој пораз не беше трагичен бидејќи се случи во квалификациите за конференциската Лига, но во двомечот беа поуспешни од Погон. Големиот број на реми ги спречи да бидат лидери во Жупиле лигата, па во моментов се израмнети со Ројал Унион и имаат послаба гол разлика. Макаби на стартот славеше против Бреидаблик и тој триумф им дава можност да им одговара и реми на овој натпревар. Сепак Гент е поквалитетен тим и очекуваме да ги земе трите бода. Типуваме 1 со квота 1.75 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3656.96

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk