Тикет на денот (четврток, 28.09.2023)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес имаме малку поразличен четврток, поточно ден со одлична понуда. Се играат многу натпревари, а нема европски купови. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Фросиноне – Фиорентина – Т22+ @ 1.90 во Mozzart

Двете екипи може да кажеме дека се во добра форма судејќи според последните реузлтати. Фросиноне нема пораз на последните четири натпревари бидејќи победија против Аталанта и Сасуоло, а донесоа бод од Удине и Салерна. Единствениот неуспех го запишаа од шампионот Наполи. Фиорентина исто така игра одлично и има само еден убедлив пораз и тоа од Интер. Овој тим игра во конференциската лига и тука се најдоа благодарение на Јувентус. Наш предлог за овој натпревар е Т22+ со квота 1.90 во Mozzart.

Фенербахче – Башакшехир – Т12+ @ 1.50 во 22Bet

Дербито во Истанбул требаше да биде изиграно во рамките на третото коло, но поради обврските на Фенербахче во квалификациите за конференциската лига беше одложено токму за овој датум. Фенербахче успеа да стигне до групната фаза од третото европско натпреварување и новата сезона ја започнаа одлично каде што запишаа пет победи од пет изиграни натпревари. За разлика од нив, Башакшехир не можат да бидат задоволни бидејќи се во зоната за елиминација и ако продолжат со ова темпо многу лесно можат да се најдат во сериозни проблеми. Ние типуваме Т12+ со квота 1.50 во 22Bet.

Базел – Луцерн – ГГ3+ @ 1.85 во Bet365

Далеку е Базел од тимот кој доминираше во швајцарската лига во периодот пред пет години. Не само што не успеваат да се вклучат во битката за титула, туку го губат чекорот и со другите тимови. Во овој момент се наоѓаат дури на 11-то место, а со таа позиција фановите не можат никако да бидат задоволни. Луцерн е на делба на првото место заедно со Јанг Бојс и двата тима имаат по 14 бода, но Луцерн има послаба гол разлика. Овде очекуваме ефикасен натпревар и затоа се решивме да типуваме ГГ3+ со квота 1.85 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3655.27

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk