Тикет на денот (сабота, 30.09.2023)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа сабота е фантастична. Се игра фудбал ширум Европа, па понудата за кладење е премногу богата. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Борнмут – Арсенал – 2 @ 1.50 во Mozzart

Борнмут се уште нема победа во новата сезона иако изиграа шест натпревари. Тие во тој временски период запишаа три реми и три порази, па воопшто не е чудно што се на долниот дел на табелата, но и покрај тоа не се дел од црвената зона. Арсенал сакаше да ја повтори ланската сезона и повторно да ја преземе лидиерската позиција, но направи два киксови и предноста на Манчестер Сити тешко дека ќе ја неутрализира. Како и да е, овде очекуваме победа за гостите и типуваме 2 со квота 1.50 во Mozzart.

Мајнц – Леверкузен – 2 @ 1.57 во 22Bet

Ако денот се познава по утрото, тогаш за Мајнц ова ќе биде доста тешка сезона. Имено, овој тим досега запиша само едно реми, а се останато им е пораз, па најверојатно исто како лани ќе се борат за опстанок до самиот крај. Леверкузен од друга страна е најсериозен противник на Баерн Минхен за титулата во Германија и досега прикажаа фантастични игри. Веруваме дека ќе продолжат и на овој натпревар, а се освен победа за нив би било големо изненадување. Наш предлог тип е 2 со квота 1.57 во 22Bet.

Лустенау – Салзбург – 2/2 @ 1.67 во 20Bet

Тимот на Австрија Лустенау е на последното место и зад себе има пет последователни првенствени порази, па тоа доволно зборува за овој тим колку е неспремен за елитата. За противник го имаат тимот на Салзбург, кој направи два првенствени киксови, но тоа го оправда со победа против Бенфика во рамките на групната фаза од Лигата на шампиони. Гостите се апсолутни фаворити и веруваме дека ќе доминираат на овој натпревар. Ние се одлучивме да типуваме полувреме/крај, поточно 2/2 со квота 1.67 во 20Bet.

Копенхаген – Митиланд – ГГ @ 1.67 во Bet365

Копенхаген може да кажеме дека на овој дуел влегува со одлично расположение. Најпрво зедоа тежок бод од гостувањето во Турција каде што се сретнаа со Галатасарај во рамките на ЛШ и тој натпревар заврши 2-2 и покрај тоа што Данците имаа два гола предност до 86-та минута. Потоа успеаа да направат пресврт на натпреварот во домашното првенство против Бронби, па сега се наоѓаат на лидерската позиција. Митиланд од друга страна не игра според очекувањата, но најважно е што се на позиција која води во плеј оф, а нивната цел е тука и да завршат. Овие две екипи играат доста ефикасно, па сметаме дека головите нема да изостанат. Наш предлог е ГГ со квота 1.67 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3656.57

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk