Тимот на Леброн ја прегази екипата на Дурант, Јанис е МВП! 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


НБА олстарот донесе убедлив триумф на екипата, која ја имаше Леброн Џејмс. Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс и неговите другари триумфираа со 20 поени разлика, односно 170-150.

Јанис Антетокумпо со 35 поени беше прогласен за МВП на натпреварот, а на мечот се издвоија и Дамиен Лилард со 32 поени и Стеф Кари со 28 поени.

Балканските Никола Јокиќ и Лука Дончиќ немаа своја ноќ. Србинот постигна само шест поени, седум скокови и пет асистенции, а Словенецот имаше осум поени, три скокови и осум асистенции.