Тинејџерската сензација на Реал одбива да оди на позајмица


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новата тинејџерска сензација на Реал, Такефуша Кубо не сака да оди нигде на позајмица.

Тој пристигна ова лето од родната Јапонија и воодушеви со својот талент на предсезонскиот турнир во САД.

Сепак за овој 18 годишен офанзивен играч сеуште нема место во првиот тим на Реал Мадрид.

Се веруваше дека тој ќе ја помине сезоната во резервниот тим на Реал и У18 екипата, но се појавија информации дека можно е да заврши на позајмица во Ваљадолид.

Заминувањето на позајмица би било значајно исуство во играњето на сениорски фудбал во Шпанија, па челниците на Реал биле спремни да го одобрат овој трансфер.

Сепак, Мундо Депортиво пренесува дека Кубо и неговиот татко (менаџер) одбиле позајмица во Ваљадолид, бидејќи Јапонецот сака да остане во Мадрид и да се развива во младионскиот погон на кралскиот клуб.

Реал не се откажува од обидот да го наговори Кубо сепак да ја прифати позајмицата, па преговорите продолжуваат.