Тоа се чекаше: Ван Дијк се јави после нападите на целата фудбалска јавност поради неговиот коментар за Роналдо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холандскиот дефанзивец Вирџил Ван Дијк се јави на социјалните медиуми по нападите од целата фудбалска јавност која почна да го суди попради коментарот за Кристијано Роналдо за време на синоќешната прослава за доделување на наградата за најдобар играч во светот.

Да се потсетиме, Ван Дијк на новинарката, за време на интервју и рече дека Роналдо воопште не му е ривал, а помеѓу останатото на таквата изјава се огласи и познатиот новинар Пирс Морган кој го „советуваше“ дефанзивецот на Редсите.

„Не, Кристијано Роналдо е далеку подобар играч, а ти не си во неговата лига“, му порача Морган па следуваше одговор на Ван Дијк.

„Здраво Пирс, да не си наседнал на циркусот на социјалните медиуми и да си го ислушал целото интервју, би сфатил дека се работи за шала, јас имам респект кон нив двајцата“, напиша Ван Дијк мислејќи на Роналдо и на Меси.

Најверојатно со оваа изјава стоперот на Ливерпул би можел да ги смири страстите кои настанаа, но прашањето е дали Роналдо ќе ја прифати оваа „шала“ на негова сметка.

Целата изјава на Ван Дијк гласи вака:

„Ова беше неверојатна година, но тука се неколку играчи кои се неверојатни. Така да, мора да ги почитувате. Бев многу блиску, но некој беше малку подобар. Многу сум среќен поради тоа што го постигнав со Ливерпул и со Холандија и се надевам дека истото ќе го повторам и во сезоната која доаѓа. Но, тоа ќе биде тешко бидејќи овие момци сеуште се активни“, рече Холанѓанецот.