Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сините се во панична потрага за дефанзивец и повторно ја активираа опцијата Ц вредна 32 милиони евра.
Челси е во потрага на дефанзивец и засега не му оди најдобро. После тоа што ги одби Леонардо Бонучи сега ја губат и борбата за сенегалецот, Калиду Кулибали кој моментално е најблиску од Баерн.
Со ваквиот развој на ситуацијата, Скај Спортс и Газета Дело Спорт соопштија дека клубот од Лондон ќе се насочи кон третата опција, Костас Манолас. Дефанзивецот на Рома има 25 години и бил најефтината опција на Антонио Конте бидејќи споменатите извори тврдат дека на маса волчицата има понуда од 32 милиони евра и исто така дека Челси му нуди 4 милиони евра годишна плата.
Манолас бараше нов подобрен договор од Рома кој засега не го доби, па најверојатно ќе си замине. И можеби Рома би ја прифатила оваа понуда полесно да ја немаше клаузулата од договорот во 2014-та година кога Гркот стигна од Олимпијакос за 13 милиони евра. Тогаш црвено-белите од Пиреа се договорија со Рома дека ако го продадат пред 31-ви август 2016-та година дека мора да му исплатат 10 милиони евра.