Томас Милер го обнови договорот со Баерн


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Баерн Минхен денеска ги израдува своите навивачи со потврда дека Томас Милер има потпишано нов договор.

Мулер во дресот на овој клуб е целата своја кариера. Сигурно дека тој беше еден од најдобрите играчи на овој тим во последните десет години, и заслужено доби нов договор.

Има многу шпекулации за тоа дали Милер ќе остане член на Баерн или ќе го напушти клубот во текот на летото. Сепак, овој 30-годишник одлучи да го прифати новиот договор и да ја продолжи соработката до летото 2023. година.

Баварците утрово ги изненадија своите фанови објавувајќи на Твитер и потврдија дека Милер останува на „Алијанц арената“.