Томовски: Против Чиле ќе мора да го дадеме максимумот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија вчера доживеа дебакл на Светското ракометно првенство, откако загуби со убедливи 19-38 против Египет, а тоа беше втор наш пораз на Мундијалот.

Голманот Мартин Томовски имаше неколку интервенции, па порача дека им недостигала мотив повеќе на теренот.

„Не е важно тоа што имав неколку одбрани. Тука сме еден тим и се надеваме дека ќе играме поагресивно против Чиле. Ни недостига жар и желба. Египет беше квалитетен тим, но ние им дозволивме да играат така. Мора да се подготвиме добро и да го дадеме максимумот од нас за дуелот против Чиле“, кажа Томовски.