Томовски: Собравме сили, сменивме некои работи и победивме!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија со победа од 29-27 против Швајцарија го заврши Европското првенство (ЕП) во Германија.

Еден од најдобрите на теренот беше голманот Мартин Томовски кој смета дека репрезентацијата блеснала кога било најпотребно.

„Не би се нарекол јас херој, туку тимот. Пресреќен сум за победата. Против лошите настапи во првите две кола променивме некои работи и покажавме дека кога е најпотребно можеме да одиграме на ниво. Заслужено се радувавме на оваа победа. Му посакувам брзо закрепнување на Никола Митревски и мислам дека ние на најдобар начин му се оддолживме денеска. Чувството е прекрасно. Како тим, колектив собравме сила, променивме некои работи, бевме поефикасни во нападот, одбраната беше на ниво. Честитки до колегите за оваа победа која е од големо значење по поразите од Франција и Германија, се издигнавме и покажавме нешто поразлично“, кажа Томовски.