Тонали плачел како мало дете кога му кажале дека заминува од Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сандро Тонали стана најскапо засилување на Њукасл, иако наводно не сакал да се пресели во Премиерлигата, но Милан не можел да ја одбие богатата понуда.

„Ла Република“ објави дека италијанскиот интернационалец се расплакал кога дознал дека Милан ќе го продаде во Премиерлигата.

Трансферот на 23-годишниот фудбалер ќе изнесува околу 80 милиони евра, а неговиот агент раскажа како се чувствува Тонали.

„Дали Сандро е среќен? Тој е мирен бидејќи знае дека кога ќе пристигне важна понуда од голем клуб, тешко е да се каже – не“, кажа тој.