Тотенхем ја загуби титулата, па Сон падна на колена и почна да плаче 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити во финалето на Карабао Купот го совлада Тотенхем со 1-0 и така освои нов трофеј, а лондонскиот тим веќе 10 години нема освоено титула и тоа тешко ги погоди некои фудбалери.

Лондонскиот тим се бранеше од нападите на „граѓаните“ во поголемиот дел од натпреварот, но „граѓаните“ во самата завршница ја обезбедија победата преку Лапорт.

Тотенхем така остана без трофеј, а во центар на внимание беше Сон Хеунг-Мин, кој беше вознемирен по поразот на неговата екипа во финалето на Карабао Купот.

Фудбалерот од Јужна Кореја по последниот судиски свиреж едноставно падна на теренот и почна да плаче, а тоа беше најдобар знак дека овој меч беше ептен важен за Тотенхем.