Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Искусниот 27-годишен уругвајски напаѓач е новото засилување на Трабзонспор. Интересно е што некогаш ја делеше соблекувалната во Ливерпул со Мохамед Салах, кој неодамна потпиша за турскиот клуб.
Мохамед Салах неодамна потпиша договор со Трабзонспор, а овој трансфер предизвика големо внимание во светските медиуми.
Долго време се шпекулираше за иднината на Салах откако му истече договорот со Ливерпул. Го поврзуваа со многу клубови, но не и со клубот каде што на крајот заврши.
Во Трабзонспор очигледно ја следеа ситуацијата, работеа во тишина и го завршија договорот кој одекна како бомба во фудбалскиот свет.
Дочекот што му го приредиja навивачите на Трабзонспор е нешто што Салах не го доживеал во својата кариера, а откако успешно ги помина медицинските прегледи изјави:
“Искрено, не се сеќавам дали некогаш сум видел нешто вакво. Многу сум среќен што сум овде. Има 25.000 навивачи, неверојатно е!”
Сепак, Салах не е единственото големо име што ќе го засили Трабзонспор во овој летен преоден рок, бидејќи раководството на клубот го договорило пристигнувањето на одличниот уругвајски напаѓач, кој во “Редсите“ некогаш играл со “сином на ветрот”.
Станува збор за Дарвин Нунез, кој доаѓа на позајмица во турскиот клуб од Ал-Хилал.
















