Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓
Коронавирусот освен последиците на дишните патишта остава последици и во менталното здравје кај луѓето.
Така, докторот на францускиот Ремс, член на најелитната Лига 1, Бернард Гонзалез извршил самоубиство откако дознал дека е позитивен на коронавирус.
Лекарот на францускиот клуб зад себе оставил и проштално писмо во кое објаснил зошто се одлучил на ваков чекор. Градоначалникот на Ремс, Арнауд Робин му бил близок пријател на Гонзалез и самиот изјави дека е шокиран од овој негов чекор.
„Тој беше прекрасен клупски доктор. Одличен професионалец, признат и прифатен од страна на сите. Беше колатерална штета на овој вирус Ковид-19. Знам дека остави проштално писмо и го објасни овој негов гест“ –изјави Робин.