Трагичарот Милер нема да спие вечерва – моментот кога утна цел гол 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германија денеска загуби со 0-2 од Англија и го заврши своето учество на Европското првенство (ЕП), а резултатот сигурно можеше да биде поинаков доколку Томас Милер искористеше шанса на 10 минути пред крајот за израмнување.

Рахим Стерлинг им донесе водство на Англичаните во завршницата од натпреварот, но Милер потоа доби одлична можност и беше сам пред голманот Џордан Пикфорд.

Меѓутоа, наместо топката да заврши во мрежата, Милер ја испрати покрај голот на англискиот голман и така пропушти шанса да израмни на 1-1.

Тоа скапо ги чинеше Германците, кои потоа примија и втор гол од Хари Кејн за конечни 2-0 на натпреварот.