Трајковски ги пакува куферите и се сели кај Ристовски!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијански Палермо се соочува со големи проблеми, па поради тоа голем број од фудбалерите ќе си заминат летово, меѓу кои се и македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски.

Италијанскиот новинар, Алфредо Педула објави на социјалните мрежи дека Трајковски ќе си замине од Палермо и ќе се пресели во Спортинг Лисабон.

Трајковски така по четири години ќе го напушти италијанскиот клуб, па ќе стане соиграч со колегата од репрезентацијата, Стефан Ристовски во португалскиот гигант.

Наводно, Спортинг сака најпрво да го продаде Бруно Фернандеш, по што ќе тргне по потписот на македонскиот репрезентативец.

Да потсетиме, Несторовски исто така ќе го напушти Палермо, па најверојатно ќе се пресели во Удинезе, со кого се поврзуваше во претходниот период.