Трајковски го напушта Палермо – ќе соработува со бивш италијански селектор во новиот тим!? (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Палермо, Александар Трајковски ќе биде уште еден од фудбалерите, кои ќе го напуштат италијанскиот второлигаш, а веќе се споменува и неговиот нов клуб.

Трајковски, како и Илија Несторовски, ќе го напушти Палермо наскоро, а потоа ќе се пресели во Салернитана, која покажа интерес за македонскиот фудбалер.

Салернитана неодамна го вработи поранешниот италијански селектор Џанпјеро Вентура, па има големи амбици, односно управата сака да го однесе клубов во италијанската Серија А.