Трајковски: Македонија ќе биде пријатно изненадување на ЕП!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација испиша историја со пласманот на Европското првенство (ЕП), кое ќе се игра следното лето.

Пред еден месец на гостувањето во Тбилиси ја победивме Грузија со погодокот на Горан Пандев, па конечно ќе заиграме на едно големо натпреварување со многу познати селекции.

Репрезентативецот на Македонија, Александар Трајковски смета дека нашата селекција има шанса и квалитет да биде изненадување на ЕП.

„Ние сме репрезентација која има квалитет и затоа верувам дека ќе бидеме пријатно изненадување на Европското првенство. Чувството е неверојатно, сон на секој фудбалер е да биде дел од едно такво големо натпреварување. Среќен сум што сум дел од генерацијата која за првпат ја одведе Македонија на ЕП. Го направивме нашиот народ среќен и горд сум на тоа“, кажа Трајковски.