Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Сагата се продолжува – Лионел Меси може сепак да ги напушти Барселона и Шпанија. Тоа го потврдија некои од водечките спортски медиуми во оваа земја.
Нискиот Аргентинец е разочаран од пресудата на каталонскиот суд од кој доби 21 месец условна казна, а ќе мора и да плати 3.5 милиони евра глоба.
Медиумите наведуваат дека Лео смета дека е всушност само жртва на шпанскиот правосудски систем.
Сепак, многумина не веруваат дека Меси некогаш ќе го напушти Ноу Камп, но информациите кои ни стигнуваат од Шпанија и не се оптимистични.
Имено, најдобриот фудбалер на светот одби да го продолжи договорот со Каталонците, а развојот на ситуацијата ја следат ПСЖ, Челси и манчестерските тимови.
Токму овие клубови можат да го доведат одличниот Аргентинец, и да му ги зголемат паричните примања.
Овој случај доби уште една страна, бидејќи од Барса го обвинија Реал Мадрид дека стои позади овој притисок на правосудството.
Обвинувањата отидоа толку далеку што претседателот на каталонскиот клуб Џозеп Мариа Бартомеу рече дека пресудата на Меси е “директен удар на Барселона“.
Во овој клуб се свесни дека што порано мораат да потпишат нов договор со својата најголема звезда, бидејќи неговиот татко веќе одрежа состанок со претседателот на Челси.