Трансфер бомба одекна во Минхен: Баерн потврди огромно засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Баерн Минхен успеа да го обезбеди потписот и на вториот француски репрезентативец кој ќе се приклучи на клубот на 1 јули.

Нов фудбалер на Баварците е членот на Атлетико Мадрид, Лукас Ернандез кој во Минхен доаѓа за сума од 68 милиони фунти.

Играчот од одбраната потпиша петгодишен договор со актуелниот германски шампион и ќе остане на „Алијанц Арена“ до 2024 година.

„Ова е навистина важен ден во мојата кариера. Баерн е еден од најдобрите клубови во Европа и светот. Горд сум што ќе бидам во можност да ги освојам сите можни титули со Баерн“- истакна Ернандез по потврдувањето на соработката со Баварците.