Трансферот на Алиоски во Галатасарај пропаднал поради – Терим!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски требаше да потпише договор со Галатасарај и да ја продолжи кариерата во турскиот гигант откако си замина од Лидс целосно бесплатно, но тоа на крајот може и да не се оствари поради тренерот Фатих Терим.

Галатасарај беше пред потпис со македонскиот фудбалер на кој му понудиле плата од 2,2 милиони евра годишно и соработка на четири години, но Терим го запрел трансферот откако видел колку пари ќе треба да потроши екипата.

Терим смета дека Алиоски ќе го чини Галатасарај околу 17 милиони евра со бонуси за договор на четири години, па поради тоа трансферот е пред пропаст.