Тренерот на Абердин: Миовски ќе остане во клубот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Бојан Миовски има одличен старт на сезоната и веќе кажа дека сака да остане во Абердин и следната сезона, иако привлече интерес од неколку екипи.

Саутемптон е еден од заинтересираните тимови за потписот на Миовски, меѓутоа Абердин не сака да го продаде и планира да го задржи уште една сезона.

Миовски вчера постигна гол со кој го спаси Абердин од пораз (2-2) на гостувањето кај Сент Мирен, а тренерот Бери Робсон е убеден дека македонскиот голгетер ќе остане во клубот.

„Ептен сум убеден дека Миовски ќе остане“, кажа Робсон.