Тренерот на Абердин: Миовски не треба да препушта пенали, сакам да биде најдобар стрелец!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски има одличен старт во дресот на Абердин и стана омилен кај навивачите, но и кај тренерот на екипата, Џим Гудвин.

Миовски постигна пет голови во досегашните пет меча во шкотското првенство, а можеше да стигне и до шести гол, ако не му препушти еден пенал на негов колега.

Тренерот на Абердин даде коментар за ситуацијата и кажа дека тоа не треба да се случува во иднина.

„Сакам Бојан да биде најдобар стрелец во лигата и да го предводи нападот на Македонија. Не треба да препушта топка во такви случаи“, вели Гудвин.