Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде даде коментар за трансферот на Видал во Интер: Таа информација доаѓа од Интер…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ернесто Валверде зборуваше на прес конференција во пресрет на натпреварот помеѓу Барселона и Реал Сосиедад.

На пресот Валверде беше запрашан за трансферот на Артуро Видал во редовите на Интер во јануарскиот преоден рок, на што стратегот одговори:

„Тоа е информација која не дојде од нас, туку од Интер. Во овој момент трансфер пазарот не е започнат, имаме уште три натпревари до крајот на годината. Видал е наш играч и ние ќе сметаме на него“ –истакна Валверде.