Тренерот на Дортмунд се повреди при прослава на голот на Халанд (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд вчера со тешка мака успеа да слави против Фортуна Дизелдорф во 31. коло од Бундеслигата.

„Милионерите“ победија со 1-0 и така теоретски останаа во игра за титулата, иако на Баерн Минхен му требаат само уште неколку бодови за тоа.

Победничкиот гол го постигна Ерлинг Халанд во судиското надополнување од мечот, а истиот го прослави тренерот Лусиен Фавр.

Фавр скокна од среќа кога Халанд постигна гол, но бурната прослава го чинеше и повреда. Во еден момент се фати за левата нога, каде што почуствува болка.