Тренерот на Елмас: Лига на шампиони или Скудето? Ги сакаме и двете!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наполи има неверојатна сезона во Серија А, а со вчерашниот триумф против Специја (3-0) направи нов чекор кон Скудетото и има 13 бода повеќе од Интер.

Калчолигашот ќе игра и во нокаут-фазата во Лигата на шампиони (ЛШ), а ривал во осминафиналето им е Ајтрахт Франкфурт.

Новинарите му поставија прашање на тренерот Лучано Спалети дали повеќе сака да го освои трофејот во ЛШ или Скудетото, по што следеше интересен одговор.

„Животот ви носи моменти кога ќе решите дали ќе нападнете или ќе се повлечете. Сон на секој навивач е да се освои ЛШ, но ние ги сакаме и двете титули“, кажа Спалети.