Тренерот на Кардиф на необичен начин покажа револт поради судиската кражба против Челси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кардиф денеска беше блиску до триумф против Челси, но на крајот сепак беа поразени со 1-2 на домашен терен.

Кардиф водеше од 46. минута со голот на Камарас до 84. минута кога Цезар Аспиликуета израмни на 1-1, а во 91. минута Рубен Лофтус-Чик ги постави конечните 2-1.

Тренерот на Кардиф, Нил Ворнок беше незадоволен со судењето во денешниот меч, посебно ситуацијата кога се случи израмнувањето, а од кој се забележува дека Аспиликуета беше во офсајд.

Ворнок по мечот реши на необичен потег да го покаже својот револт кон судиската тројка и само гледаше во нив.

Кога судиите решија да тргнат кон соблекувалната, тој реши да ги испрати со саркастичен аплауз.