Тренерот на Реал Мадрид доживеа срцев удар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стратегот на Реал Мадрид, Пабло Ласо заврши во болница во неделата, откако доживеал срцев удар, а тоа го потврди клубот преку соопштение.

Шпанска „Марка“ откри детали од болницата дека Ласо се наоѓал во добра здравствена состојба и се наоѓа на дополнителни тестирања.

Ласо има 54 години и е тренер на Реал Мадрид од 2011 година, а за тие 11 години освои пет титули во Шпанија и две во Евролигата, меѓу кои една во Белград.

Пред само еден месец повторно беше во Белград со Реал, каде што играше финале, но неговата екипа загуби од Анадолу Ефес.