Трета радот за Далас: Дончиќ и Ирвинг го носат кон големото финале во НБА (Видео)


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Кошаркарите на Далас маверикс триумфираа со 116-107 во третиот меч против Минесота тимбервулвс и водат со 3-0 во финалната серија.

Најефикасни во победата на Далас беа Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг со по 33 поени, додека Ентони Едвардс постигна 26 поени за Минесота.

Четвртиот натпревар меѓу екипите се игра во ноќта меѓу вторник и среда од 2.30 часот во Тексас, а тоа ќе биде шанса за Дончиќ и другарите да обезбедат место во големото финале.