Три екипи се борат за откритието на Реал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Младиот напаѓач позади себе има одлична предсезона и бројни клубови сакаат да го откупат од Реал Мадрид.

Како што пренесува мадридски Ас, напаѓачот на Реал Маријано се наоѓа на мета на многу клубови.

Тој одигра неколку одлични партии во текот на летните подготовки, постигна голчиште против Челси, а Реал Мадрид планира да го позајми на година дена.

Порто, Виљареал, Малага веќе остварија контакти и понудија соработка, а Маријано најверојатно ќе избере еден од споменатите клубови каде што ќе игра во наредната сезона.

Маријано Диаз е дете на Реал Мадрид, роден е во 1993 година, а досега играше за Реал Мадрид Кастиља.