Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваат дека три клуба се борат за потписот на германскиот репрезентативец од редовите на Јувентус, Емре Чан.
Чан речиси сигурно ќе си замине од Јувентус во јануари во потрага по првотимски фудбал кој ќе му обезбеди место во репрезентацијата на Германија која ќе игра на Европското првенство следното лето.
„Калчомеркато“ пишува дека три големи тима се сериозно заинтересирани за Чан. Германецот во своите редови го посакуваат ПСЖ, Баерн Минхен и Барселона.
Сепак, првата официјална понуда стигнала од помал тим кој се натпреварува во Ла Лига. Станува збор за Реал Бетис кој сака да го донесе Чан во својот тим. Јувентус ја разгледувал понудата, меѓутоа се очекува истата да биде одбиена од Емре Чан кој ќе очекува понуда од поголемите тимови.