Тричковски го дели само еден гол од рекорд на Кипар

Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски вчера го постигна осмиот гол по седум кола во кипарскиот шампионат во дресот на АЕК Ларнака и израмни рекорд од 1985 година.

Тричковски пред пет години исто така беше во одлична серија и на шест натпревари по ред даде гол, но сега го подобри неговиот рекорд и во следниот меч може да стане апсолутен рекордер, доколку даде гол.

„Се чувствуввам одлично, ми недостигаа навивачите. Сега сме први и нема да запреме. Знаеме каков квалитет имаме и тоа сакаме да го покажеме на теренот“, кажа Тричковски по натпреварот.

АЕК Ларнака следниот меч го игра против Етникос Ахна, па Тричковски има одлична шанса да стане рекордер во Кипар.