Тричковски: Нема да го чекаме јуни, одиме по нови успеси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Иван Тричковски денеска даде изјава на прес-конференцијата пред натпреварот против Естонија кој се игра утре од 15 часот во Скопје.

Тричковски кажа дека нема намера да запре тука со неговите сонародници и планираат да постигнат уште многу успеси.

„Сакаме да ја искористиме шансата и да бидеме први и во оваа група. Нема кој не ни честиташе од АЕК на мене и на Спировски. За нив е гордост и чест што два играчу ќе ги претставуваат на ЕП. Не сакаме да застанеме и да кажеме тоа е роа се гледаме во Јуни. Сакаме да победиме да бидеме први и да одиме во таа Б лига“, кажа Тричковски.